Дома Фудбал Англија Артета: Во овој момент сум во состојба на шок

Артета: Во овој момент сум во состојба на шок

Meнаџерот на Арсенал, Микел Артета не очекувал неговиот тим да биде така лесно победен од Ливерпул.

„Топџиите“ вчера на „Емирати“ изгубија со 3:0 од Ливерпул, па Артета порача дека е шокиран.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Апсолутно заслуживме да го изгубиме натпреварот. Беа подобри во сите аспекти и заслужија да победат со таа разлика, дури и со поголема. Ја прифаќам одговорноста за тоа како игравме. Тоа беше моја грешка. Морам да го припремам тимот да игра на друг начин, во тоа е работата. Во овој момент сум во состојба на шок“, изјави Артета.

Во првите 50 натпревари на клупата на Арсенал, Артета има процент на победи од 42%, додека Унаи Емери, неговиот претходник имаше 49% победи на 51 натпревар.

„Многу топки изгубивме, не можевме да врземе три додавања. Многу едноставни работи не ги правевме како што треба. Основата не беше на нивото. Сакам да им се извинам на навивачите, ова не е она што го сакаме. мораме да играме далеку подобро“, заклучи Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…