Дома Фудбал Англија Артета: Боли кога ги гледам европските натпреварувања, а таму го нема Арсенал

Артета: Боли кога ги гледам европските натпреварувања, а таму го нема Арсенал

Tренерот на Арсенал Микел Артета истакна дека му е болно да ги следи европските натпревари кога во нив го нема Арсенал.

Арсенал неколку години наназад игра лошо. Далеку се од екипата која беше страв и трепет, а оваа сезона не успеаа да се пласираат и во Европа.

„Боли кога ќе вклучам ТВ и ќе ги видам сите тие тимови, а таму го нема Арсенал. Навистина е болно. Не сакам да седам дома и го гледам Арсенал надвор од европските натпреварувања“, изјави Артета.

Лондонскиот тим и оваа сезона ја започна лошо. Победија само на еден од четирите натпревари на стартот од Премиер лигата. Очекувањата на навивачите секако беа далеку поголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта за Меси: Мора да имаме добри односи со најдобриот во историјата на клубот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта даде опширно интервју во кое меѓу другото зборува…