Овие денови на големо се шпекулира за интересот на Емери за крилниот играч на Рома, Џенгиз Ундер.
Турчинот по пристигнувањето во Рома имаше слаб старт, но експлодираше во вториот дел на сезоната со што го сврте вниманието на бројни клубови.
Топџиите наводно спремиле понуда од 50 милиони евра за неговите услуги, но сега во трката се вклучува и Челси.
Маурисио Сари е исто така заинтересиран за услугите на Ундер, но нивната понуда гласи 35 милиони евра плус некој играч од своите редови. Волчицата може да бира помеѓу Кристенсен и Калум Хадсон-Одои.
Примамлива понуда, но ќе видиме дали од Олимпико се заинтересирани за некој од споменатите играчи на Челси, доколку не покажат интерес, јасно е дека ќе се определат за финансиски подобрата понуда од Арсенал.
Коментари