Арсенал, барем според најавите на англиските медиуми, ќе биде прилично активен на трансфер пазарот во летниот преоден рок.
„Топџиите“ предводени од Уни Емери имаат намера да направат корекција во играчкиот кадар во намера да бидат конкурентни кога во прашање е борба за титулите, а една од позициите која сигурно ќе биде засилена е крилен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед дека екипата на Арсенал после оваа сезона може да остане со само двајца класични крилни играчи, Михтаријан и Ивоби, поради тоа на Емери му е потребно засилување, а на листата на желби е Рајан Фрејзер од Борнмут.
Иако се шпекулираше дека Ундер од Рома е мета број еден, „топџиите“ наводно оцениле дека овој шкотски фудбалер полесно може да се вклопи во тимот на Арсенал, а исто така ќе биде и поефтина варијанта. Фрејзер покажа дека има одлично чувство за гол, технички е добро поткован, а зад себе има и доста добра статистика.
Во Премиер лигата Фрејзер оваа сезона постигна шест погодоци и запиша 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу големи клубови на Островот.
Арсенал во летниот преоден рок сигурно ќе го засили и средниот ред, но и одбраната, па Емери на располагање ќе има солиден буџет.