Италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал се вклучил во трката за српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ.
21-годишниот напаѓач на Фиорентина игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Влаховиќ одби да го продолжи договорот со Фиорентина, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Милан.
Сега во трката за Србинот се приклучи Арсенал, чиј приоритет ова лето ќе биде засилување во нападот.
Лаказет најверојатно ќе си замине од „Емирати“, па „топџиите“ веруваат дека Влаховиќ би бил идеална замена.