Дома Топ вести Арсенал се пофали со Рајс – „топџиите“ летово досега потрошија 215 милиони фунти!

Арсенал се пофали со Рајс – „топџиите“ летово досега потрошија 215 милиони фунти!

Репрезентативецот на Англија, Даклан Рајс од денес и официјално е нов фудбалер на Арсенал. Вест Хем утрово го потврди трансферот (ТУКА), а сега Рајс беше промовиран и од „топџиите“.

Во редовите на Арсенал, Рајс доаѓа за 105 милиони фунти и за пет милиони фунти го надмина рекордот на Грилиш за кого Манчестер Сити на Астон Вила плати 100 милиони фунти пред две години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Рајс е дефанзивен фудбалер за врска и беше голема желба на Артета. Тој е трето летно засилување за Арсенал, претходно „топџиите“ платија 65 милиони фунти за Каи Хаверц и 45 милиони фунти за Јурен Тимбер од Ајакс.

Со тоа се доаѓа до потрошени 215 милиони фунти на клубот од „Емирати“ во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…