Дома Топ вести Арсенал сепак успеал се да заврши на време: Давид Луиз потпишал!

Арсенал сепак успеал се да заврши на време: Давид Луиз потпишал!

Бразилскиот стопер Давид Луиз во самиот финиш од преодниот рок во Англија потпиша за Арсенал.

После се може да се каже дека Арсенал имаше одличен преоден рок, а во последниот ден на „Емирати“ се погрижија за последната линија и во Лондон пристигна бекот Киеран Тиернеј од Селтик и стоперот Давид Луиз од Челзи. За овие двајца клубот плати околу 33 милиони фунти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Луиз во мај потпиша нов договор со Челзи во средата побара трансфер бидејќи падна во втор план и не сакаше да биде резерва.

Луиз во Арсенал го избра дресот со број 23, а тој број гордо во овој клуб го носеше Сол Кембел во времето кога Арсенал беше во самиот врв на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…