Дани Себаљос во летниот трансфер период пристигна на позајмица од Реал Мадрид во Арсенал.
Шпанскиот играч за врска оваа сезона запиша 12 настапи за лондонскиот клуб и постигна еден гол, а изгледа дека веќе ги задоволил луѓето од управата на клубот. Имено, според пишувањето на шпанскиот „El Desmarquea“, Арсенал сака да го откупи уште од сега и му понудил на Реал 30 милиони евра, но таа понуда била одбиена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Себаљос наводно во текот на репрезентативната пауза се сретнал со Перез и му кажал дека сака да остане во Арсенал. Иако „Кралскиот клуб“ ја одби понудата на Топчиите, се верува дека договорот би можел да биде постигнат доколку англискиот клуб испрати понуда од 35 милиони евра.
Себаљос во Реал пристигна во 2017. година од Бетис за 16.5 милиони евра и од тогаш запиша 56 настапи за овој клуб и постигна пет гола, а има договор до 2023. година.
??? | Arsenal have had an opening offer for Dani Ceballos rejected by Real Madrid – who have told them to pay £30m for his services. #AFC https://t.co/tgnwTnILGw pic.twitter.com/fSCRqLpJu3
— Read Arsenal (@ReadArsenalFC) October 23, 2019