Дома Трансфер зона Арсенал во потрага по замена за Велбек: Обложувалниците имаат фаворити

Арсенал во потрага по замена за Велбек: Обложувалниците имаат фаворити

wellbeck

Oткако се повреди Дани Велбек тренерот на Арсенал, Унаи Емери веќе тргнал во потрага по негова замена.

Во овој момент неколку имиња се во игра, а англиските обложувалници веќе ги одредија коефициентите.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Засега за најголем фаворит важи крилниот напаѓач на Лил, Николас Пепе со коефициент 2.25. Утрово се појави вест дека клубот од Лондон е спремен да плати 27 милиони фунти за неговите услуги. Сепак, за овој фудбалер интерес покажа уште Тотенхем.

Зад Пепе следуваат Кристијан Павон од Бока Јуниорс за кого коефициентот изнесува 3.25 и Вилфред Заха од Кристал Палас.

Арсенал веќе на големо работи на тоа да одлучи кој од овие играчи е најдобро и најисплатливо решение, а што ќе одлучат ќе видиме во текот на јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…