Дома Фудбал Репрезентации Арогантната страна на Халанд: Можеше да го разубави денот на едно мало детенце, но кажа „не“

Арогантната страна на Халанд: Можеше да го разубави денот на едно мало детенце, но кажа „не“

Ерлинг Халанд е голема ѕвезда, иако има само 21 година, меѓутоа  репрезентативците на Гибралтар сега зборуваа арогантната страна на Норвежанецот.

Норвешка и Гибралтар се сретнаа на стартот од квалификациите за Светското првенство. Рој Чиполина кој е капитен на Гибралтар после мечот заедно со Халанд ги заврши обврските кон телевизиите, а потоа ја искористил приликата да го побара неговиот дрес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„На крајот од натпреварот, Рој како наш капитен заврши со изјавите кон телевизиите, а потоа Чиполина му кажа на Халанд дека неговиот син е негов голем фан. Го праша дали може да си ги разменат дресови, на тоа Халанд само се насмевна и си замина“.

„Со еден мал гест кој ништо немаше да му значеше можеше да го разубави денот на едно мало детенце, а тој кажа не. Со парите може да купи се, меѓутоа класата не се купува. Тоа што се пишува за него низ медиумите веројатно го прави да биде толку арогантен“, изјави напаѓачот на Гибралтар Рис Стич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…