Дома Македонски спорт Ардијан Аземи победи на меѓународниот турнир „Лах Нимани“ во Приштина

Ардијан Аземи победи на меѓународниот турнир „Лах Нимани“ во Приштина

Боксерот на Шкупи и член на македонската репрезентација, Ардијан Аземи е победник на Меѓународниот тунир „Лах Нимани“ во Приштина.

На еднодневниот турнир со скратена програма, настапија боксери од три земји, домаќинот Косово, Македонија и Албанија.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Ардијан Аземи победи во категоријата 91 килограм, боксерот на Шкупи и кандидат на репрезентацијата за настап на ЕП во Будва во ноември, со прекин го победи Клодиан Дода од Албанија.

Претставникот на Шкендија Но Лимит, Милан Петковски, загуби од Сантијаго Селимај од Албанија во категоријата 69 килограми со прекин.

Натпреварите се одржаа во „Палатата на спортовите“ во Приштина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бабунски уште неседнат, си замина од Беса

Бобан Бабунски пред само три недели седна на кормилото на Беса, а денес си замина од тимот…