Дваесет милиони евра беше висината на отштетната клаузула која Реал Мадрид ја активираше летото минатата година за да го доведе Арда Ѓулер (19) од Фенербахче.
Осум месеци подоцна, делумно поради повреди и опоравување, делумно поради квалитетот на соблекувалната на Реал, турскиот играч за врска има акумулирано само три натпревари и 25 минути играчко искуство во шпанското првенство. Медиумите сега тврдат дека на лето ќе оди на позајмица.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѓулер од следната сезона би требало да го носи дресот на Милан. Двата клуба имаат добри односи и овој однос го потврдија во неколку наврати со позајмици и купувања на играчи.
Ѓулер треба да биде следен во редот. Во Милан би го добил тоа што го нема во Реал, можност да игра минути и да го докажува својот квалитет.