Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Аргентинскиот селектор се налути на новинар: За Аргентина или за Холандија сме тука!?

Аргентинскиот селектор се налути на новинар: За Аргентина или за Холандија сме тука!?

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони се налути на аргентинските новинари кои на прес-конференцијата пред денешниот натпревар открија дека Родриго Де Пол е повреден.

Де Пол заработил повреда на тренингот на Аргентина кој бил од затворен карактер и затоа Скалони беше зачуден како некој од новинарите ја дознал таа информација. Аргентинскиот селектор беше лут затоа што сфати дека некој од неговиот стручен штаб или фудбалерите го известил новинарот за повредата на Де Пол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Од каде вие знаете за повредата на Де Пол? Ако ми кажете кој ви кажал, ќе ви кажам колку е сериозна“, кратко одговори Саклони на новинарот Родас од весникот „Оле“.

Новинарот не му го кажа изворот, туку г о праша: „Зошто сте нервозен Лионел?“.

„Не се работи за неровза, ние имавме тренинг зад затворени врати и вие знаете за Де Пол и го објавувате тоа. Не знам дали сме тука за Аргентина или Холандија“, заврши Скалони.

Аргентина и Холандија натпреварот од четвртфиналето го играат вечерва од 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…