Фудбалерите на Реал Мадрид вчера вечер со убедливи 6:1 ја декласираа Мајорка, а еден од хероите на натпреварот беше Марко Асенсио кој постигна хет-трик.




Одличниот настап на Асенсио кој се мачеше да пронајде констатна форма ја коментираше тренерот на екипата Карло Анчелоти.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Беше тоа прв хет-трик во кариерата на Асенсио, но 25-годишникот не ги славеше затоа што Мајорка е негов поранешен клуб.




„Добро го отворивме натпреварот и малку го променивме пристапоит. Бевме агресивни, а тоа беше нешто за кое зборувавме. Играчите кои не настапуваа на тој начин често беа спремни, тоа е добар знак“.




„Асенсио многу добро се снаоѓа на позицијата на која беше против Мајорка – помеѓу линиите. Тој може да му направи многу проблеми на противникот, одлично комбинира со напаѓачите, но има и одличен шут. Мислам дека тоа е позицијата на која треба да игра“, изјави Анчелоти.




Наредниот натпревар Реал Мадрид го игра во сабота исто така во Ла Лига, а ривалк ќе им биде Виљареал.