Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти утре во Белград испишува историја: Со вакво нешто ќе може да се пофали само тој!

Анчелоти утре во Белград испишува историја: Со вакво нешто ќе може да се пофали само тој!

Податок кој најдобро сведочи за тоа каква тренерска големина седи на клупата на Наполи.

Црвена Звезда утре ќе го пречека италијански Наполи во рамките од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Наполи на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград пристигнува предводен од големиот Карло Анчелоти кој во Белград ќе испише нова страница во историјата на најелитното европско натпреварување.

Карло Анчелоти ќе испише нова страница во Лигата на шампионите бидејќи на утрешниот натпревар на „Рајко Митиќ“ ќе може да каже дека предводел осум различни клуба во 26 години долгата кариера.

Легендарниот Италијанецот од клупата во ова големо натпреварување ги предводел, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Баерн, а од утре ќе може истото да го каже и за Наполи.

Анчелоти е единствениот тренер на кого му успеало вакво нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вокер ја откри „тајната“ на Гвардиола: Ѕвездите на Сити најлошо поминуваат!

На лето ќе се заокружи цела деценија од доаѓањето на Пеп Гвардиола на позицијата главен тр…