Раководството на Јувентус сака да се ослободи од Сами Кедира, кој не влегува во плановите на тренерот Андреа Пирло.
Германецот има договор со „старата дама“ до јуни 2021 година, но оваа сезона нема одиграно ниту една минута, па најверојатно ќе си замине во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус е спремен да го пушти Кедира без обештетување, а најсилен интерес за него покажува Евертон.
Анчелоти призна дека е заинтересиран за Кедира, а „карамелите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Коментари