Дома Трансфер зона Анчелоти му соопшти на Перез дека ја посакува ѕвездата на Интер

Анчелоти му соопшти на Перез дека ја посакува ѕвездата на Интер

Карим Бензема на изненадување на многумина го напушти Реал Мадрид, а клубот од главниот град на Шпанија мора да работи напорно за да ја доведе неговата замена ова лето. Карло Анчелоти веќе има некои имиња во главата.

Иако договорот му истекуваше, многу навивачи на Реал Мадрид беа изненадени кога дознаа дека француски напаѓач Карим Бензема ќе го напушти клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој беше 14 години во клубот по доаѓањето од Лион и беше важен играч, особено по заминувањето на Кристијано Роналдо во 2018 година, но дојде време за заминување…

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, нема време да седи со скрстени раце и веќе размислува кого би можел да доведе следното лето.

Во секој преоден рок многу играчи се поврзуваат со Реал Мадрид, но на крајот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пристигнуваат само избраните, а така ќе биде и сега.

Кога станува збор за врвот во нападот, се чини дека покрај Хари Кејн, „Кралевите“ работат и на доведување на напаѓач кој оваа сезона играше во финалето на Лигата на шампионите.

Светскиот шампион со Аргентина, Лаутаро Мартинез е желба на Карло Анчелоти и сака од следната сезона да го види во редовите на Реал Мадрид како една од замените за Карим Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…