Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти смета дека Калуду Кулибали е најдобриот дефанзивец во светот во моментов, па дури и ја одреди неговата пазарна вредност.
Италијанскиот стратег оцени дека Кулибали, кој е на мета на многу европски гиганти, вреди 150 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, мислам дека тој е најдобриот дефанзивец во светот. Дури има уште простор да се подобрува. Неговата цена е 150 милиони евра, но не е на продажба. Неговиот договор е до 2023 година, а во него има откупна клаузула од 150 милиони евра, но Наполи нема потреба да го продава. Претседателот не сака да го продава и е сигурно“, истакна Анчелоти.
„Задоволен сум од сезоната. Второто место не е по наша вина. Треба да се признаат заслугите на Јувентус, кој направи исклучителна сезона. Ако продолжат вака, можат да ја завршат сезоната со 100 бода“, заклучи Анчелоти.
Carlo Ancelotti feels #Napoli have ‘the best defender in the world’ in Kalidou Koulibaly, who ‘is worth €150m but doesn’t need to be sold’ https://t.co/vm5FmnPx28 pic.twitter.com/OANmnNqzCZ
— footballitalia (@footballitalia) April 18, 2019