Големиот италијански тренер кој утре ќе испише историја во Белград добро се сеќава на неговиот натпрвар против српскиот клуб.
Карло Анчелоти добро ја познава Звезда и стадионот „Рајко Митиќ“ и се уште добро се сеќава на натпреварот пред 30 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играв во 1988 и многу добро се сеќавам на магијата. Тоа беше неверојатен натпревар, но добро помина. Групата е навистина тешка, но ќе направиме се за да победиме. Се сеќавам дека тоа беше тежок натпревар, Звезда имаше фантастични играчи. Најмногу се сеќавам на поништениот погодок, но и понатаму не знам зошто е поништен“, изјави Анчелоти.
Потоа новинарите го запрашаа Анчелоти што ги советувал неговите фудбалери пред утрешниот натпревар.
„Немам што да им кажам, знам колку им помага атмосферата. Важно е ние да ја играме својата игра и мило ми е што ќе биде и претседателот тука, ќе бидеме комплетни“, истакна Италијанецот.