Се погласни се шпекулациите дека Карло Анчелоти би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.
Позицијата на Италијанецот се „разниша“ поради лошите резултати оваа сезона, а медиумите тврдат дека веќе има договор со бразилската репрезентација.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Претседалот на бразилскиот фудбалски сојуз, Едналдо Родригез кажа дека се надева на договор со Анчелоти, но Италијанецот демантира.
„Сакам да останам во Реал Мадрид, среќен сум тука. Веќе го кажав тоа многу пати. Сакам да останам во Реал до крајот на животот“, изјави Анчелоти.