Дома Фудбал Германија Анчелоти: Баерн ми е единствено лошо искуство во кариерата!

Анчелоти: Баерн ми е единствено лошо искуство во кариерата!

Актуелниот тренер на Наполи, Карло Анчелоти истакна дека отказот во Баерн Минхен му е единственото лошо искуство во кариерата.

Анчелоти во 2016 година го презеде кормилото на баварскиот гигант и го наследи Пеп Гвардиола, но после само една година доби отказ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Токму тој отказ е најлошото искуство во богатата кариера на искусниот стратег.

„Отказот во Баерн ми е единственото горчливо искуство во кариерата. Сакав да ги променам работите во клубот, но не наидов на поддршка. Не сакаа да ја менуваат клупската структура и филозофија и да направат смена на генерацијата. Сега го прават тоа“, истакна Анчелоти.

Анчелоти го водеше Баерн на 60 натпревари на кои запиша 43 победи, осум ремија и 9 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Салиба и понудата која не се одбива? Кога ни самиот играч не ја отфрла…

Фудбалерите на Арсенал се сигурни на првата позиција во Премиер лигата и се надеваат на ти…