Ансу Фати важеше за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но до сега не го покажа во целост својот потенцијал.
После уште една слаба сезона падна во втор план кај Чави и е спремен да го напушти клубот ова лето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Барселона исто така е спремна да слушне понуди, па неговиот агент Жорге Мендеш веќе му бара нов клуб.
Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе разговарал со неколку клубови.
Најсилен интерес за шпанскиот талент има од Премиер лигата, а Барселона очекува понуди во наредните денови.