Дома Фудбал Пристигнаа како големи засилувања, но Погба и Фати уште веднаш – разочараа!

Пристигнаа како големи засилувања, но Погба и Фати уште веднаш – разочараа!

Погба и Фати не се сосема подготвени за стартот на француското првенство.

Играчот од средниот ред Пол Погба и напаѓачот Ансу Фати, најзначајните засилувања на Монако во летниот преоден рок, не се во доволно добра физичка форма за отворањето на сезоната во француското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Моментално не се подготвени и не се во тимот. Ансу тренира со екипата нешто повеќе од една недела. Тој е поспремен од Пол, кој постепено се приклучува на тренинзите со тимот”, изјави денес тренерот на Монако Ади Хитер.

Фудбалерите на Монако ќе ја започнат сезоната во сабота, на својот терен, против Авр (19:00 часот).

Погба имаше проблеми со повреди во последните три години, а потоа доби суспензија од 18 месеци поради допинг.

Овој 32-годишен поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед и Јувентус во последните денови учествува во загревањето и дел од тренингот со тимот.

“Но мораме да бидеме внимателни и да го следиме неговиот напредок. Мислам дека ќе може целосно да тренира со тимот за две недели. Се надеваме дека ќе го видиме на теренот што поскоро”, рече тренерот на Монако.

При доаѓањето на Погба во Монако, клубот од кнежевството соопшти дека враќањето на Пол во форма ќе трае три месеци.

“Можеби му е тешко што не е целосно на теренот со останатите, но неговото влијание и карактерот во соблекувалната и пред натпреварите се неверојатни. Им помага на младите, им објаснува некои работи. Секако, кога ќе биде на теренот ќе им помага уште повеќе”, истакна Хитер.

Монако ја заврши минатата сезона на третото место во француското првенство и обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо е новиот тренер на Челси, веќе е познато и неговото прво засилување!

Чаби Алонсо е новиот тренер на тимот на Челси и ќе ја води оваа екипа во наредната сезона.…