Дома Фудбал Останато Анри: „Се грижам за иднината на Монако“

Анри: „Се грижам за иднината на Монако“

Тиери Анри не успеа да ја промени сезоната на Монако кој мораше поради лошите резултати порано да ги напушти Леонардо Жардим.

Поранешниот играч на Монако и Арсенал вели дека воопшто не се грижи за евентуалната можност да добие отказ во Кнежевството. Монако и понатаму се наоѓа во зоната за испаѓање и е претпоследен на табелата во Лига 1. Тиери Анри не успеа да направи промени во тимот кој сигурно не заслужува да се наоѓа на дното на табелата во француското првенство, а вели и дека не се грижи премногу за својата иднина. Тој до сега како тренер на Монако доби само три од 21 натрпевар.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Мојата иднина? Сопствениците ќе одлучат кога ќе биде потребно. Повеќе сум загрижен за иднината на Монако, веќе тоа го реков и ќе го повторам. Нема потреба да прашувате секогаш исто прашање, секогаш ќе го одговорам истото. Атлетико Мадрид во 90. години испадна со многу посилен тим од овој кои ние го имаме. Сарагоза е можеби исти пример. Би можел да зборувам за сите лиги. Ние сме во таа ситуација, дури и во купот, а следниот викенд играме со Дижон во првенството и тоа ќе биде вистинска војна“, изјави Тиери Анри.

Монако има 15 бода од 21 натпревар во Лига 1, а ако го добијат Дижон токму таа екипа ќе ја прескокнат на табелата. Дижон е 18. со два бода повеќе од Монако, но и со натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како шт…