Дома Фудбал Англија Англиската легенда удри по Арсенал: Безрбетници, вие сте срам!

Англиската легенда удри по Арсенал: Безрбетници, вие сте срам!

Манчестер Сити ја продолжи доминацијата оваа сезона и со 3:0 го победи Арсенал во финалето од Лига Купот.

Меѓутоа, доминацијата на „граѓаните“ не импресионираше колку разочарувањето на фановите на Арсенал кои со солзи ја следеа капитулацијата на „топџиите“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најоштар во критиките кон Арсенал и Арсен Венгер, беше легендата на англискиот фудбал, Гери Невил.

„Го напаѓам Арсенал бидејќи се срамота. Гледајте го Рамси како џогира на теренот, тие се апсолутна срамота. Безрбетници. Погледнете го ова дете како плачи, за тоа се тие виновни“, изјави Невил.

„Долго време не ми се допаѓа нивната одбрана, карактерот, но ми се допаѓаше нивниот фудбал. Повеќе не. Повеќе не се тим кој игра најдобар фудбал, Ливерпул, Сити и Тотенхем играат многу поубаво. Челзи и Манчестер Јунајтед пак се физички и ментално посилни“, заклучи Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …