Македонските фудбалски репрезентативци денес ги започнаа подготовките за престојните последни квалификациски натпревари против Италија и Лихтенштајн.
Поради повреда Бобан Николов нема да биде во комбинација за натпреварите против Италија и Лихтенштајн, на негово место дополнително повикан е напаѓачот Адис Јаховиќ кој по подолго време се враќа во репрезентацијата на Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На средбата со новинарите селекторот Игор Ангеловски изјави дека е задоволен од играчите и се надева на добро издание против Италија во Торино.
„Го знаеме квалитетит на Италија тоа е четирикратен светски шампион. Ќе се обидеме да покажеме максимум. Моите играчи покажаа дека знаат да играат и со силни противници. Имаме доволно време да се подготвиме, да анализираме, фудбалерите на претходните два дуела беа на посакуваното ниво, па очекувам така да биде и на овие два натпревара со Италија и потоа со Лихтенштајн на домашен терен во Струмица“, истакна селекторот.
„Во Скопје одигравме добар натпревар против Италија и мислам дека можеме да одиграме уште еден таков“, заклучи Ангеловски.