Дома Фудбал Останато Ал Келаифи за првпат се огласи за иднината на Меси

Ал Келаифи за првпат се огласи за иднината на Меси

Во недела не очекува големото финале на Мундијалот во Катар и во последниот натпревар во битката за трофејот силите ќе ги одмерат Аргентина и Франција.

Последниот натпревар во репрезентативната кариера го игра Лионел Меси и негова голема желба е да ја заврши со светска титула. Меѓутоа веднаш по завршувањето на Мундијалот главна тема ќе биде иднината на Меси.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Се шпекулираше дека може да го напушти ПСЖ, дел од медиумите пишуваа и за враќање во Барселона, но првиот човек на клубот од Париз ја смирува ситуацијата.

„Ќе разговараме со Меси по завршувањето на Светското првенство. Тој е среќен во ПСЖ и мислам дека ќе остане со нас“, изјави Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И Романо потврди: Манчестер јунајтед се враќа по фудбалерот за кој летово нудеше 120 милиони евра!

Манчестер Јунајтед ги подготвува плановите за потпис од Карлос Балеба. Како што веќе беше …