Дома Фудбал Алкантара: Си заминав од Барса за да бидам среќен!

Алкантара: Си заминав од Барса за да бидам среќен!

Плејмејкерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара не жали што ја напуштил Барселона.

Шпанскиот репрезентативец во интервју за шпанските медиуми ги откри причините да си замине од „Камп Ноу“ пред пет години.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Си заминав од Барселона за да бидам среќен, за да продолжам да играм фудбал. Секогаш ќе и бидам благодарен на Барса за се што ми даде, но доаѓа момент во кој сакаш да пробаш нови искуства“, изјави Алкантара.

Алкантара ги коментираше шпекулациите кои ова лето го поврзуваа со трансфер во големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

„Секогаш сум ги респектирал сите клубови без оглед на ривалството. Меѓутоа, нешто друго е респектот кон клубот кој те изградил како фудбалер. Ако се преселев во големиот ривал на Барса, тоа можеше да создаде конфликт“, додаде шпанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…