Oдличниот бразилски голман Алисон Бекер утре за прв пат после напуштањето на Рома се враќа во Италија каде што со Ливерпул ќе игра против Наполи.
Враќањето на „чизмата“ за италијанските новинари беше повод да разговараат со Алисон и да го потсетат на деновите кога го носеше дресот на Рома. Бразилецот, носталгично се потсети на сите успеси и призна дека заминувањето од „Олимпико“ тешко му паднало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Верувајте ми, плачев како мало дете кога заминував од Рома. Тоа беше тежок момент за мене, Рим ми даде многу, сопруга, дете, пријатели, успеси…Донесов одлука која беше исклучиво од спортска природа, преминав во Ливерпул и направив чекор напред во кариерата. Мило ми е што Рома заработи многу од мојата продажба“.
„Рим е фантастичен град, обожавав да шетам на улиците. Навечер фонтаната Ди Треви е нешто прекрасно, но моето омилено место сепак е Колосеумот. Тоа е историја“, изјави Алисон.
Ќе потсетиме, Алисон во текот на летото за сума од 63.5 милиони евра премина во Ливерпул што тогаш беше рекорд за еден голман. Во меѓувреме неговиот рекорд беше срушен од Кепа Аризабалага кој го облече дресот на Челзи за 81 милион евра.
https://www.youtube.com/watch?v=4lqe0dJ_joI