Долгогодишниот голман на хрватската ракометна репрезентација по мечот со Чешка на ЕП соопшти дека е повлекува, па така се приклучи кон Вори, Иван Чупиќ и Денис Бунтиќ.
„Тоа е тоа, јас сум готов. Еве сега ја имав и таа ситуација со искршени стакла во куќата, мене тоа не ми треба во животот. Се вратив заради Лино Червар, но не испадна како што сакавме. Бев тука 11 години, освоив седум медали. И да сме сите заедно и се почитуваме, можеби битката за медалот ќе беше поинаква“, истакна Алиловиќ па се осврна на чинот кој го погоди:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Некогаш беше подобро, некогаш полошо, но секогаш давав се што можев за оваа репрезеентација и сега скршени стакла дома… Мислам не е фер, не е коректно ниту спортски“, додаде 32-годишниот голман.