Дома Македонски спорт Ален Рустемовски е најдобар македонски боксер за 2023 година

Ален Рустемовски е најдобар македонски боксер за 2023 година

Претседателот на Националната Боксерска Федерација, г-дин Фатон Салиу, и Потпреседателот Примислв Димовски официјално доделија сертификати на тренерите кои успешно го завршија курсот 1 Star IBA, во периодот од 2 до 10 ноември 2023 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Исто така, на овој посебен настан, Националната Боксерска Федерација им подели два трофеи за најдобрите боксери на земјата за 2023 година во две категории. Едниот трофеј заврши во рацете на Бајрам Мамутовски, шампионот на Балканот во категоријата на младите, додека другиот трофеј отиде за Ален Рустемовски, кој се рангираше како петти на Европското првенство во категоријата на сениорите.

Националната Боксерска Федерација честита за постигнатите успеси и придонесот на боксерите, боксерските клубови, тренерите и техничкиот персонал, посакувајќи им успешна година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…