Манчестер Јунајтед игра уште една разочарувачка сезона и бележи слаби резултати од почетокот на сезоната.
Очекувањата беа многу поголеми, па навивачите се разочарани и повторно почна да се шпекулира со тренерска смена.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон му дава поддршка на актуелниот тренер Ерик тен Хаг.
„Алекс Фергусон е најголемата причина што Ерик Тен Хаг се уште е менаџер на Јунајтед. Тој е импресиониран од работата на Холанѓанецот и убеден е дека ако му се остави време, ќе го врати клубот на шампионските патеки. Дури и ако клубот добие нови газди, Фергусон силно ќе се заложи кај нив да го остават на менаџерската позиција“, изјави неименуван извор од Манчестер Јунајтед за „Сан“.