Дома Фудбал Италија Алегри: Рома може заслужи реми, но победникот го решаваат малите детали

Алегри: Рома може заслужи реми, но победникот го решаваат малите детали

Јувентус вчера успеа да слави во дербито против Рома, а тренерот Масимилијано Алегри секако беше задоволен.

Италијанскиот стратег истакна дека победата за него е заслужена за неговиот тим затоа што фудбалерите покажале храброст и голема мотивација.

„И покрај тоа што ги немавме Дибала, Де Лихт и Рабио, а Мората влезе на крајот направивме чекор напред. Кога беше потребно забрзувавме со играта. Очекувавме тежок натпревар, Рома може заслужи реми, но победникот го решаваат мали детали“, изјави Алегри.

После лошиот старт во Серија А Јувентус сега има една добра мини серија од четири победи во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Станковиќ нема да ја напушти Звезда

Дејан Станковиќ барем засега ќе остане на клупата на Црвена Звезда. Како што објави српски…