Дома Фудбал Италија Алегри проговори за „случајот Дибала“: Треба да докаже дека заслужува да игра!

Алегри проговори за „случајот Дибала“: Треба да докаже дека заслужува да игра!

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри на пресконференцијата пред утрешниот меч со Сасуоло проговори за „случајот Дибала“.

Алегри го остави на клупа Дибала во изминатите два натпревари, а тоа крена голема прашина во медиумите на Апенините.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Аргентинецот сега има резервен статус, а Алегри изјави дека треба да докаже дека заслужува место во стартниот тим.

„Тој не играше на минатите натпревари од стартот поради моите тактички одлуки. Квалитетот на Пауло никогаш не е доведен во прашање, но јас морам да изберам само 11 играчи и дополнителни три кои ќе влезат од клупата. За среќа, отсега ќе играме по три меча во една седмица, а Пауло треба да докаже дека заслужува место во стартните 11“, изјави Алегри.

Алегри потоа проговори и за Роналдо и нема сомнеж дека Португалецот наскоро ќе почне да постигнува голови.

„Мислам дека Кристиано ќе се „проработи“ против Сасуоло. Утре излегуваме против Сасуоло во борба за првото место. Де Ѕерби е еден од најдобрите млади тренери. Марио Манџукиќ ќе биде на теренот покрај Роналдо. Утре може да биде првиот дуел на Емре Џан како стартер“, истакна Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…