Јувентус одигра само 1:1 против Нант во Торино во 1/16 финалето од Лигата на Европа, но многу по овој натпревар ќе се коментира недосудениот пенал во самата завршница (ТУКА).
За таа ситуација прашање доби и Алегри на прес-конференцијата по натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема смисла сега да се зборува дали тоа било пенал. Не вреди да се плаче. Можевме подобро да регираме, посебно кога имавме водство. Ние застанавме и дури после примениот гол повторно се активираме. Треба да се каже и дека Нант постигна добар гол, не е лесно така да шутнете“, изјави Алегри.
Сепак, голем дел од навивачите го критикуваат и Алегри поради неговиот дефанзивен пристап по даден гол, односно игра на 1:0.
„Никогаш не сум кажал дека сакам да победувам 1:0. Ме нервирате со тие глупости. Се создаде таа слика која воопшто не е вистина. Погледнете ја статистиката на моите тимови, секогаш имав најдобра одбрана и втор најдобар напад. Во Милан и во Јувентус. Моите тимови постигнуваат по 70-80 голови во сезона. Јас зборувам за факти и бројки, а вие за апстрактни работи“, истакна италијанскиот стратег.