Дома Фудбал Италија Алегри откри детали од разговорот со Роналдо: Оваа сезона ќе има поголема одговорност!

Алегри откри детали од разговорот со Роналдо: Оваа сезона ќе има поголема одговорност!

Старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри денес ја имаше првата пресконференција после неговото враќање во „старата дама“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Очекувано Алегри зборуваше за односот со Кристиано Роналдо, кој вчера се врати во базата и откри детали од нивниот разговор.

„Роналдо е одличен фудбалер и паметно момче. Вчера разговарав со него, како и со останатите фудбалери. Му кажав дека ова е важна сезона и дека сум среќен што ќе соработуваме. Тој има поголема одговорност сега, отколку пред три години кога имавме поискусна екипа, сега имаме многу млади играчи. Очекувам многу од него во поглед на одговорноста“, истакна Алегри.

Медиумите шпекулираа дека Алегри сака да се ослободи од Роналдо, но Португалецот сепак ќе остане во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ма какво пензионирање: Лука Модриќ доби повик што не можеше да го одбие!

Многумина сметаат дека натпреварот против Португалија беше последен за Лука Модриќ во дрес…