Дома Фудбал Репрезентации Аларм во Шпанија: Гави порано го заврши тренингот поради повреда

Аларм во Шпанија: Гави порано го заврши тренингот поради повреда


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Шпанскиот фудбалер Гави го пропушти денешниот тренинг поради полесна повреда, еден ден по ремито на неговата репрезентација со Германија на Светското првенство.

Младиот играч за врска вчерашниот натпревар (1:1) го заврши во 66. минута, а според информациите не се очекува повредата да влијае на неговиот настап во последното коло од групата Е против Јапонија.

Гави беше стрелец во првото коло на Мундијалот во убедливата победа против Костарика (7:0), со што стана најмладиот стрелец на Мундијалите од 1958 година после Пеле.

Шпанија во последното коло влегува како првопласирана и со четири бода, а за пласман во осминафиналето доволно е и реми. Јапонија и Костарика имаат по три бода, а Германија е последна со бод.

Во последното коло в четврток Шпанија од 20 часот игра против Јапонија, а во исто време се среќаваат Германија и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: 37-годишник е нов селектор на Белгија!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Фудбалскиот сојуз на…