Менаџерот на Давид Алаба, Пини Захави ја демантираше информацијата за постигнат договор со Барселона.
Вчера „Мундо Депортиво“ напиша дека ѕвездата на Баерн веќе постигнал договор со новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Тоа не е точно“, кратко изјави Захави, но не го демантираше интересот на Каталонците.
28-годишниот Алаба одби да го продолжи договорот со Баерн и на лето ќе си замине како слободен агент.
Неколку европски гиганти се борат за неговиот потпис, а каталонските медиуми тврдат дека Лапорта имал срдба со Захави и постигнале начелен договор.