Дома Фудбал Италија „Ако Серија А не продолжи, ќе биде апокалипса“

„Ако Серија А не продолжи, ќе биде апокалипса“

Претседателот на Џенова, Енрико Презиоси смета дека доколку биде прекината Серија А ќе следи „апокалиптично сценарио“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Серија А беше прекината на почетокот на март и засега сè уште нема официјални информации за тоа дали ќе се продолжи, иако клубовите започнаа индивидуални тренинзи пред неколку дена.

Сите опции се уште се разгледуваат, а Презиоси смета дека прекинувањето на првенството би имало катастрофални последици.

„Ако лигата не продолжи, на сцена ќе се појави апокалиптично сценарио. Ваквата одлука ќе ги уништи плановите на сите фудбалски работници. Се уште чекаме да видиме што ќе одлучат телевизиските компании. Џенова би изгубила помеѓу 20 и 30 милиони евра со откажување на сезоната, а тоа не е ни приближно точно. Проблем има и со сезонските билети … Би била целосна катастрофа“, изјави Прециози.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеп распали: ВАР ни украде две ФА купа, никогаш не им верував

Во исто време кога се појави снимка од разговорот помеѓу ВАР собата и главниот судија на н…