Дома Фудбал Англија Ако сака во Јувентус, Погба мора да прифати двојно помала плата

Ако сака во Јувентус, Погба мора да прифати двојно помала плата

Ѕвездата на на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го напушти клубот како слободен играч на лето, а Јувентус е еден од најзаинтересираните клубови.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент за да ги започне преговорите за враќање на Погба во Торино, но ќе мора да ја победи конкуренцијата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фабрицио Романо тврди дека Погба се уште има понуда од Манчестер Јунајтед, која е најдобра на финансиски план.

29-годишниот Французин на „Олд Трафорд“ заработува 15 милиони евра по сезона, а Јувентус е спремен да му понуди само половина од таа сума, односно 7,5 милиони евра по сезона.

Понудата на ПСЖ е исто така повисока на таа од „старата дама“, па Погба доколку сака да се врати во Торино ќе мора да прифати драстично намалување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити го добива судскиот спор и нема да биде казнет

Англиските медиуми најавуваат дека Манчестер Сити најверојатно ќе го добие судскиот спор п…