Дури и ако добие отказ од Реал Мадрид поради лошата сезона, Зинедин Зидан нема долго да остане без работа.
Француските медиуми тврдат дека раководството на Пари Сент Жермен е спремно да го дочека со раширени раце и да му го препушти кормилото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Франција тврдат дека актуелниот тренер на ПСЖ, Унаи Емери ќе добие отказ доколку „светците“ не се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампиони. Исто така се потенцира дека ПСЖ се уште немал никаков контакт со Зидан бидејќи се чека крајот на сезоната и одлуката на „кралевите“.
„Идејата на луѓето од ПСЖ се пред се да покажат дека се француски клуб. Па назначувањето на еден од најголемите француски фудбалери во последните 30 години би било одличен потег. ПСЖ чека да види дали Зидан ќе биде слободен на крајот на сезоната“, тврди анонимен извор близок до ПСЖ.
Zinedine Zidane says Real Madrid's slump in form is down to him, not the players, and he is determined to battle on and find a solution pic.twitter.com/demCabJK4h
— Goal (@goal) January 25, 2018