Дома Фудбал „Ако победам на изборите, Меси сигурно ќе остане во Барселона!“

„Ако победам на изборите, Меси сигурно ќе остане во Барселона!“

Кандидатот за претседател на Барселона, Жорди Фаре, вети дека Лионел Меси ќе остане во Барселона доколку тој победи на изборите.

Секако сите сакаат Меси да остане во Барселона, иако тој минатото лето сакаше да го напушти каталонскиот гигант затоа што не е задоволен со резултатите на тимот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Меси ќе остане ако победам. И тоа ќе кажам и датум. Тоа ќе биде 25 јануари, ден по изборите. Тој сака да остане во Барселона, и тоа е нешто што добро го знам. Ќе работиме на тоа“, изјави Фаре.

Првата sвезда на Барселона не само што не беше задоволна од резултатите, туку и од управата на клубот, но неговото заминување го блокираше тогашниот претседател на клубот, Бартомеу.

Сепак, договорот на Меси истекува следната година, што значи дека тој може да преговара со новиот клуб во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …