Дома Фудбал Останато „Ако останеше Југославија ќе се бореше за европските и светските титули“

„Ако останеше Југославија ќе се бореше за европските и светските титули“

Легендарниот хрватски фудбалер Роберт Просинечки е еден од најдобрите од овие простори.

Како член на Црвена Звезда освои се што можеше да освои, репрезентативец на екс – СФРЈ со која стигна до ¼ финалето на Светското првенство во Италија во 1990 година. Познат е и потоа што е еден од малкумината кои играле и за Реал Мадрид и за Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во едно интервју за „АС“ тој помеѓу другото зборуваше и за репрезентацијата на неговата генерација на Југославија. Ќе потсетиме тој со младинската селекција на Југославија стана светски шампион во 1987 година.

„Тој тим кој истрча во Чиле се спремаше четири години. Лигата во Југославија беше многу силна во тоа време, не можевме да одиме надвор додека не наполневме 25 години. Немаше странци и тоа беше причина што се појавуваа млади фантастични играчи. Не сакам да зборувам за минатото, но едно знам ако таа наша генерација останеше заедно Југославија ќе се бореше за европските и светските титули“, изјави Просинечки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…