Дома Фудбал Ако не се договори со Реал, Крос заминува во пензија

Ако не се договори со Реал, Крос заминува во пензија

Тони Крос би можел да се пензионира на крајот од сезоната доколку не му биде исполнет еден услов, пренесуваат шпанските медиуми.

Крос има договор со Реал до јуни 2023 година и сите во Мадрид сакаат тој да остане. Меѓутоа тука не се доведува во прашање дали Германецот сака да оди на друго место, туку дали воопшто сака да продолжи да игра фудбал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новинарот Флориан Плетенберг тврди дека Крос ќе ја промени одлуката за пензија само ако постигне договор да продолжи да игра за „кралевите“.

Претседателот Перез планира да му предложи нов договор на уште една година, а ако двете страни не се договорат, тогаш Крос ќе оди во пензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…