Дома Фудбал Останато Ако Барса планираше да го доведе Куман планот и пропадна поради одлуката на УЕФА

Ако Барса планираше да го доведе Куман планот и пропадна поради одлуката на УЕФА

Денес УЕФА го одложи Европското првенство за летото 2021 година и тоа има влијанае на клазулата поврзана со Барселона која ја има Роналд Куман во договорот.

Барселона во јануари го доведе Кике Сетиен на местото на Ернесто Валверде, но во плановите на Каталонците беше и Куман доколку Сетиен не ги задоволи очекувањата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холандскиот селектор неодамна призна дека Барселона го повикала и му испратила конкретна понуда во јануари, сепак тој ги одбил Каталонците затоа што има договор со Холнадија. Меѓутоа во неговиот договор била вметната клазула според која тој можел во Барселона после Европското првенство.

Што сега кога ЕП е одложено?

„Клазулата во мојот договор вели дека можам да одам во Барселона после Европското првенство, никаде не е наведен датум, па така тоа значи дека и таа можност заедно со ЕП се одложува за 2021 година. Во секој случај сега не размислувам за Барселона, посветен сум на работата во репрезентацијата“, изјави Куман.

Холандија ќе биде еден од фаворитите на ЕП, а Куман жали поради поместувањето на терминот.

„Едноставно немавме среќа првенството да се игра оваа година, искрено жалам што е турнирот е одложен. Ние сме во одлочна форма и играме на високо ниво. Сепак, ја разбирам одлуката на УЕФА, здравјето е најважно и секогаш мора да биде во прв план“, порача холандскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…