Ѕвездата на Челзи, Еден Азар конечно проговори за медиумските шпекулации кои константно го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.
Наводно белгискиот репрезентативец е голема желба на тренерот Зинедин Зидан, меѓутоа Челзи нема намера да се откажа од него и според информациите ќе му понуди нов договор.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Но на новинарско прашање дали е заинтересиран за преселба во Реал Мадрид, Азар се насмеа и одговори:
„Зошто се обидуваш да ме ставиш во гомна? Не, не, не. Добро ми е тука, има одредени работи кои треба да ги завршам оваа сезона. Имам договор до 2020 и во моментов сум тука“, изјави Белгиецот.