Дома Трансфер зона Азар откри кога ќе го напушти Реал: Сигурно не во јануари

Азар откри кога ќе го напушти Реал: Сигурно не во јануари

Белгискиот репрезентативец Еден Азар, откри дека размислува да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од актуелната сезона.

Иако има договор со Реал Мадрид до 2024 година, Азар е спремен да ја промени средината бидејќи веќе подолго време нема статус на првотимец и добива мала минутажа.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Нема да заминам во јануари бидејќи имам семејство и ми се допаѓа градот, но можно е да заминам на лето. Имам уште една година од договорот и тоа е одлука на клубот. Доколку клубот побара да заминам тогаш ќе го прифатам тоа. Но, би сакал да играм повеќе, да покажам дека можам да играм повеќе, дека сум добар играч“, изјави Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…