Аднан Јанузај би можел да се врати во англиската Премиер лига.
Белгискиот фудбалер, како што стојат работите, ќе ги напушти редовите на Реал Сосиедад и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Евертон. Јанузај е желба на новиот тренер на тимот од „Гудисон Парк“, Марк Силва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, преговорите за трансферот веќе започнале и 23-годишниот играч би можел од следната сезона повторно да игра во Премиер лигата, каде што претходно играше за Манчестер Јунајтед и Сандерленд.
Минатата сезона Јанузај не блескаше во дресот на тимот од Сан Себастијан. Постигна три гола во 28 настапи, но најде свое место на списокот патници за Светското првенсвто, каде што со Белгија ја освои бронзата.
Сега, изгледа дека дојде времето да се врати во Англија и да добие нова шанса во најсложената лига во светот.