Дома Фудбал Англија Агуеро призна: Играчите се плашат да играат!

Агуеро призна: Играчите се плашат да играат!

Sвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро изрази загриженост за евентуално обновување на сезоната во Англија. Напаѓачот призна дека постои страв кај играчите.

Клубоците во Премиер лигата се надеваат дека ќе продолжат со тренинзи на 11-ти мај, а сезоната би требало да продолжи на почетокот на јуни.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Повеќето играчи се исплашени затоа што имаат семејства, деца, бебиња, родители. Кога ќе се вратиме, замислувам дека ќе биде многу напнато, ќе бидеме многу внимателни. Се надевам дека ќе има вакцина за да се стави крај на сето тоа. Не сум исплашен, но јас сум само со мојата девојка. Не сум контактирал со други луѓе. Тие велат дека некои се заразени, но немаат никакви симптоми и можат да ве заразат. Затоа останувам дома. Можеби ќе се заразите а нема да знаете“, истакна Аргентинецот.

Агуеро остана во Манчестер за време на изолацијата, додека многу негови соиграчи се вратија во матичните земји.

„Ни беше кажано пред 15 дена дека има датум за обновување на тренинзите и тоа е 4 мај. Сега има нова средба. Ќе биде тешко да се игра Лигата на шампионите во август“, рече фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Барселона: Вилијамс го продолжи договорот до 2035 година!

Атлетик на своите социјални мрежи објави дека го продолжува договорот со својот напаѓач Ни…