Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро тврди дека челниците на клубот не му дале никакви гаранции за негово останување на „Етигад“ и дека не знае каква ќе биде неговата иднина.
Веќе подолго време се говори за неизвесната иднина на Агуеро во синиот дел од Манчестер, а напаѓачот тврди дека ни тој самиот не знае што ќе биде со него кога ќе заврши сезоната.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не знам што ќе се случи кога ќе заврши сезоната. Очекувам од раководството да ми каже што сакаат. Секогаш велам дека ќе видиме што ќе виде во јуни. Доколку клубот не сака сега да се изјасни, во јуни ќе мора да го направи тоа“, изјави Агуеро.
Аргентинкиот напаѓач неколу пати изрази желба да остане во клубот каде што настапува од 2011 година, но медиумите тврдат дека Гвардиола не е задоволен од неговиот ангажман и дека на лето ќе го замени со друг напаѓач.